ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР

Порака од заменик директорката Марија Чакароска Ашталкоска

Добредојдовте на веб страната на нашето училиште

Ми причинува чест и задоволство што имам можност да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за Вашиот интерес за ООУ ,,Браќа Миладиновци“ Струга.

Нашето училишт е има долга традиција, тоа е училиште во кое во текот на годините голем број генерации го завршиле своето образование, а повеќето од нив и денес го посетуваат како родители, соработници или наши колеги.

ООУ „Браќа Миладиновци“ обезбедува квалитетна настава на македонски, албански и турски наставен јазик и располага со стручен наставен кадар кој целиот свој потенцијал го насочува кон квалитетно образование за секој ученик. Обезбедуваме квалитетна настава, прилагодена на можностите, потребите и интересите на учениците, креирајќи активности кои ја поттикнуваат и негуваат нивната лична одговорност, самодисциплина, толеранција, меѓусебно почитување и мотивација на сите ученици во училишниот живот.

Го поттикнуваме развојот на личноста на нашите ученици, нивната индивидуалност, креативност,натпреварувачки дух, хуманост,еколошка свест, критичко размислување и градење позитивни системи на вредности со цел успешно да се снаоѓаат во опкружувањето.

Нашето училиште се води од мотото дека ние постоиме поради нашите ученици и токму поради тоа ги следиме трендовите и модернизацијата на образованието преку континуирано стручно усовршување на наставниот кадар, градиме соработнички и партнерски односи со родителите и со сите чинители на воспитно-образовниот процес.

Со почит,

Марија Чакароска Ашталкоска – Помошник директор на ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга