ИСТОРИЈА

Историја на ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга е организација од посебен интерес во која основно образование и воспитание стекнуваат ученици на три наставни јазици: македонски, албански и турски, од прво до деветто одделение во три училишни згради. Училиштето е изградено во 1974 година и оттогаш до денес тоа е пример за мултиетничност и соживот во градот Струга.

ООУ „Браќа Миладиновци“ не само што  го обликува и обогатува животот на своите ученици, туку и активно учествува во заедницата. Преку различни иницијативи и проекти, училиштето го гради партнерството со родителите, локалната заедница и другите образовни институции.

Со гордост и посветеност, Основното Општинско Училиште „Браќа Миладиновци“ продолжува да биде светло пример за образование и развој Струга и во регионот.

Мисија

ООУ „Браќа Миладиновци“ е инклузивно училиште кое со современи средства и методи ја негува современата настава.

Мисијата на нашето училиште е да креира, како и да овозможи работна средина која што ќе се грижи и ќе дава поддршка за зајакнување на ефективното работење и учење, поттикнување на клима на соработка и поддршка, што пак ќе овозможи одговорност, меѓусебно разбирање и почитување.

Визија

ООУ „Браќа Миладоновци“ е средина која нуди поддршка на индивидуалниот развој на учениците и професионален развој на наставниците, а сето тоа заедно резултира со ефективен и квалитетен воспитно – образовен процес.

Нашата визија е воспитување и образование на одговорни, успешни и среќни ученици.