АКТИВИ

Прво одделение

Добредојдовте во светот на првоодделенците од нашето училиште и нашите активности !

Активностите се изведуваат со изучување на нашиот мајчин јазик ,англискиот јазик, општество и природни науки , а исто така имаме и физички активности! Навлегуваме во светот на книгата и преку читање откриваме нови нешта. Играме со броевите, формите, големините… Преку активности подобро се запознаваме себеси, другите околу нас , училиштето. Развиваме хигиенски и културни навики. Ги откриваме и истражуваме тајните на природата.

Второ одделение

Добредојдовте во активот од второ одделение во нашето училиште во кое секогаш работеле големи ентузијасти, одговорни и посветени наставници за кои учениците се секогаш во главна улога!


Со нови сили, во второто полугодие,
продолжуваме како и досега посветено да работиме и да ги реализираме сите предвидени образовни цели за второ одделение кои се поврзани со реализација на наставната програма и воннаставните активности.

Ние ги поддржуваме учениците да ги развиваат своите математички и алгоритамски вештини, поттикнување на логичко и критичко размислување насочено кон решавање на проблеми и нивна примена во различни ситуации.

Нашата цел е да ги инспирираме учениците да го разберат значењето на математиката, општеството, природните науки во секојдневниот живот и да ги подготвиме за успешно справување со предизвиците во научните области.

Трето одделение

Со примена на интерактивни методи и учење низ игра ги изучуваме мајчиниот јазик,англиски јазик како и природните науки и математиката.Преку низа на проектни активности го изучуваме и предметот општество.Учениците со голем елан како и натпреварувачки дух уживаат на часовите по физичко и здравствено образование.Својата креативност, умешност и талент ја искажуваат на часовите по ликовно и музичко образование.

Во нашиот фокус секако е спроведување на инклузијата на учениците со попреченост како еден од четирите столба на Новата концепција на деветгодишното образование.Истата со голема успешност се реализира преку големато залагање на учениците ,наставниците и секако образовните асистенти.

Мајчин јазик

Добредојдовте во активот по мајчин јазик!

Овој актив ги сочинува трите мајчини јазици на кои се одвива наставата во нашето училиште: македонски, албански и турски јазик. Потребата за поврзување со личните корени и етникумот кон кој припаѓаме , неминовно започнува со познавањето на сопствениот мајчин јазик.

Токму затоа, преку драмските, рецитаторските и новинарските секции, кои беспрекорно функционираат во нашето училиште, учениците ја спознаваат историјата на својот народ, своето потекло и идентитет.

Петто одделение

Добредојдовте во активностите на петто одделенците од нашето училиште!

Овде ги изучуваме нашиот мајчин јазик и англискиот јазик, општествените науки и историјата. Учиме за законитостите и тајните на природните и техничките науки и редовно се грижиме за нашот телесен развој преку физички активности!

Наш фокус се интерактивни методи учења, тимски проекти и развој на вештини како што се логичко и критичко размислување, кои претставуваат извонреден начин за поттикнување на учениците за да ги истражуваат и развиваат своите знаења и вештини

Ги следиме информатичките и техничките предизвици во денешниот свет и преку интерактивни наставни методи, задачи и тимски проекти, поттикнуваме вештини со применлив пристап.

Ние имаме за цел да ги инспирираме учениците да развиваат љубов кон науката, училиштето, другарството, семејството, за утре да бидат активни чинители и учесници во секојдневниот живот и да ги подготвиме за справување со предизвиците од секоја област.

Географија, Историја, Граѓанско образование и Етика

,,Географија,Историја,Граѓанско образование и Етика,, во нашето училиште!

Овде патуваме низ светот,од држава во држава, проучуваме за историите на народите и нивните придобивки. Децата учат за своите права и улоги за полесно интегрирање во демократското општество и ги усвојуваат универзалните вредности со цел да станат подобри луѓе.

Наша цел е да ги инспирираме и оспособиме нашите ученици во нивното образование и стекнатите знаења и вештини да умеат полесно да ги применат во секојдневното живеење.

Физичко образование

Физичко образование се однесува на предметот Физичко образование во училиште, кој има своја наставна програма, цели и практики во секоја земја. 

Физичкото образование како училишен предмет им нуди на сите деца пристап до активност и може да развие вештини, знаења и ставови што им се потребни за да усвојат и одржат физички активен животен стил. 

Потенцијалните придобивки од учеството на учениците во физичкото образование најдобро се обезбедуваат доколку се обезбеди квалитетно физичко образование. 

Физичкото образование е дефинирано како „планирано, прогресивно, инклузивно учење кое претставува дел од наставна програма во раните години, основно и средно образование. 

Mатематика, физика и информатика

Добредојдовте во активот по математика, физика, информатика во нашето училиште! 

Овде ги истражуваме законитостите и тајните на природните и техничките науки! Во нашата средина, учениците имаат можност да ги откријат различните аспекти на математиката, вклучувајќи ги алгебрата, геометријата, истражување и статистичка обработка на податоци,…основните физички закони, нивната поврзаност и практична примена во секојдневниот живот… информатичките и техничките предизвици во денешниот свет на ИТ технологија и сето тоа преку интерактивни наставни методи, решавање на задачи и тимски проекти, односно поттикнување на СТЕМ вештини на 21-век, односно образовни програми базирани на идеата за едуцирање на учениците во четири дисциплини – наука, технологија, инжинерство и математика со интердисциплинарен и применлив пристап. Ние ги поддржуваме учениците да ги развиваат своите математички и алгоритамски вештини, поттикнување на логичко и критичко размислување насочено кон решавање на проблеми и нивна примена во различни ситуации. Нашата цел е да ги инспирираме учениците да го разберат значењето на математиката, физиката, информатиката и техниката во секојдневниот живот и да ги подготвиме за успешно справување со предизвиците во научните и технолошките области.

Биологија, хемија и природни науки

Добре дојдовте во активот биологија , хемија и природни науки. 

Целта на активот е подобрување на квалитетот на наставата и дополнување со содржини од екологијата поврзани со еко стандардите преку внесување на современи наставни средства, методи , форми на работа по предметите биологија, хемија и природни науки. 

Активот изготвува програма за работа со надарени и талентирани деца. Особено тимот се занимава со методите што ги применуваат наставниците- членови за откривање на талентите. 

Секциите по биологија и хемија и природни науки се слободни ученички активности што нудат можност учениците со помош на наставниците да ги прошируваат своите знаења, да истражуваат и да учествуваат на натпревари и манифестации во училиштето, општината и градот.