Џудо клубот Дрим – Струга одржа Отворен ден за џудо

На 29.01.2026 год. во нашето училиште Џудо клубот Дрим – Струга одржа Отворен ден за џудо.На овој настан учениците од одделенска настава заедно со родителите имаа можност да се запознаат со основните техники и вредности на овој спорт-дисциплина,
почит и спортски дух.
Преку интересни демонстрации и активно учество ,учениците покажаа голем ентузијазам и интерес за спортските активности. Настанот придонесе за промоција на здрав начин на живот и потикнување на физичката активност кај учениците.
Им благодавриме на Џудо клубот Дрим-Струга и на сите кои учествуваа и придонесоа за успешна реализација на овој спортски настан.

Сподели

Поврзани вести