Доволна е мала доза на идеи, активност и креативност за да се поттикнат позитивни, видливи и одржливи промени.
Благодарение на идејата на нашата наставничка Јасмина Кукунешоска, која беше прифатена и поддржана од директорката на училиштето, г-ѓа Албана Жута, го подобривме изгледот на еден дел од старите скали во нашето училиште. Идејата, која произлезе од една мултикултурна работилница со цитати на англиски јазик, а која беше дел од проект на Министерството за образование, се претвори во прекрасно реализирана декорација на скалите.
Цитатите ги отсликуваат вредностите во образованието, како и во нашето општество, а напишани се на сите јазици кои се изучуваат во нашето училиште. Се надеваме дека ќе траат долго време, сведочејќи за позитивна атмосфера и желба за континуирано унапредување на образовниот процес и секојдневието во нашето училиште.
Не се работи за давање идеи – се работи за нивна реализација! Благодарност до сите што ги претвораат соништата и идеите во реалност!