Известување
Нашето училиште, со поддршка на “Sustainable municipal waste management in North Macedonia” успешно реализира еколошка и едукативна активност во градскиот парк, вклучувајќи ученици од различни заедници. Оваа мултиетничка активност имаше за цел не само грижата за животната средина, туку и зајакнување на соработката и разбирањето меѓу децата.
На почетокот, учениците учествуваа во акција за чистење на паркот, покажувајќи одговорност и љубов кон природата. Потоа, тие се вклучија во едукативни и забавни игри кои промовираа вредности како соработка, солидарност и почитување на културната разновидност.
Оваа активност уште еднаш покажа дека заедничкиот живот и заедничката работа ја прават нашата заедница посилна и пообединета. Им се заблагодаруваме на сите ученици, наставниците Шкроњза Тела, Марија Митреска и Назире Ариф за нивната посветеност!